Украдени неколку работи од Македонската резиденција во Атина, меѓу кои и патните исправи на Амбасадорот на Македонија.

Мета на грчки крадци, изминатиов викенд била Македонската резиденција во Атина, од каде што биле неколку работи меѓу кои и патните исправи на Амбсадарот на Република Македонија во Атина и неговата сопруга. Грчката полиција почнала потрага по крадците.

Министерството за надворешни работи ја потврди информацијата дека во резиденцијата на македонскиот амбасадор во Атина била извршена провална кражба за време на викендот. Во тоа време амбасадорот и неговото семејство не биле дома.