Уште пред неколку години, апликацијата Снепчет ги популаризираше самоуништувачките пораки па затоа оваа апликација стана популарна помеѓу младиот свет кои можеа да праќаат слободни фотографии без да се плашат дека ќе ги види некој друг, освен примачот, односно сопственикот на телефонот.

Неколку секунди по примањето на пораката, одсносно фотографијата, тие исчезнуваат од телефонот и на тој начин неможе никој повеќе да ги види. Со текот на времето Снепчет стана повеќе од платформа за праќање на самоуништувачки пораки, додека оваа опција почнаа да ја применуваат и голем број на други компании и сервиси.

Од скоро, опцијата за самоуништување на фотогорафиите и на видео записите после неколку секунди од нивното отварање е достапна и на Вибер. После направената фотографија или видео записот на самата апликација на вибер во горниот десен агол или во долниот лев агол, во зависност од верзијата на вибер која ја користите на вашиот телефон, ќе се појави слика со прецртан саат преку кој ќе можете да одберете време на уништување на испратениот запис од кога примателот ќе ја види/отвори пораката. Периодот за self-distract е со опција да сликата биде избришана за една, три или седум секунди.

Иако Вибер, оваа опција ја воведува доста касно за разлика од другите популарни апликации, сепак, нема сомнеж дека за кратко време корисниците на вибер ќе се навикнат на неа.


Администратор
07/02/2017 14:19