Во една работа скоро секогаш можете да бидете креативни а тоа е сексот. Погледнете ги модерните секси трендови па можете и да пробате, зошто да не.

1. Секстинг

Секстингот е доста присутен во западните земји. Суштината на секстингот е едноставна. Овој збор подразбира праќање на еротски или полуголи фотогорафии помеѓу момче и девојка. Во својата суштината овие сексуални содржини или фотографии не се сметаат за перверзија.

2. Еко живот

Некои парови дури и за време на сексуалните односи не забораваат на животната средина и природа. За таков вид на секс, потребно е да користите органски презервативи како и сексуални помагала кои се направени да работат на принцип без батерии. Исто така тука се вметнуваат и лубрикантите кои се изработени на база на лековити билки.

3. Секси тетоважи

Веќе долг период тетоважите се на врвот на својата популарност. Било да се дел од модниот свет или дел од начинот на живот, тетоважите на интимните места стануваат се повеќе атрактивни. Предизвикајте го вашиот партнер со ваков избор на тетоважа.

4. Догинг

Догингот е веќе некое време хит во Велика Британија а подразбира имање на сексуален однос на јавно место додека други тоа го гледаат. Догинг трендот потекнува од Англија, но брзо се рашири низ светот. Во нашата земја па и во балканските земји овој тренд сеуште не е забележан и според менталитетот тешко дека ќе заживее. Договорањето за правење на т.н. Догинг секс се случува преку специјализирани интернет сајтови за таа намена.

5. Тренер

Кога ќе се спомене личен тренер скоро секогаш се мисли на тренер кој го имате ангажирано да ви помогне со физичките вежби или го имате ангажирано за да ги намалите Вашите килограми преку негови совети за вежби и диета. Но во модерниот свет ссе повеќе на актрактивност добиваат личните тренери за секс. Нивната задача е да ве научат како да го привлечете спротивниот пол и секако, ќе ве научат како да му пружите незаборавно сексуално искуство на вашиот партнер.


Администратор
14/02/2017 11:42