Од собирот во паркот, иницијаторите ги повторија пораките за сочувување на унитарноста на државата, за одржувањето на нејзиниот мултиетнички карактер, како и против воведување двојазичност на територијата на целата држава.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска во Скопје наместо од протестен марш своите ставови ги упати од музички хепенинг во паркот „Жена борец“.

Од собирот во паркот, иницијаторите ги повторија пораките за сочувување на унитарноста на државата, за одржувањето на нејзиниот мултиетнички карактер, како и против воведување двојазичност на територијата на целата држава.

Решивме за време на викендот да ја измениме формата на искажување на своите сатвови и да ги повториме уште еднаш нашите барања. Тоа е откажување од платформи изработени во странски држави, изработка на македонска платформа во Скопје која што ќе ги опфати интересите на сите граѓани на РМ и да потсетиме дека не смее да се усвојува владина програма која не би била изгласана на избори од страна на граѓаните. Денеска сме тука за да докажеме дека Заедничка Македонија не само што изгледа, како што видовме во изминатите пет дена, туку и звучи одлично и сме благодарни на одличниот одѕив на сите граѓани кои се тука и ќе бидат тука во наредните некоку часа, рече Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија“.

Тој истакна дека симболично оградата која што е поставена пред Собрнието ќе биде врзана со црвено-жолтата трака, која е белег на протестите што ги организира иницијативата.

Таа веќе за нас не претставува ограда, туку претставува дел од нас, односно од денеска ние сме оградата пред Собранието, веќе нема да има ограда меѓу народот и парламентарците, рече Илиевски.