Во врска со настанот од 03 -ти овој месец, кој што од страна на ректоратот на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј“ во Скопје беше пријавен како физички напад врз професор, беше излезено на лице место при што е констатирано дека на 03.03. околу 14,15 часот на УКИМ, поточно на службениот паркинг кај Правниот факултет Јустинијан Први, на Љ.Ф. му пришле три НН машки лица облечени со качулки на главата.
Тие му се обратиле со зборовите: “Како не ви е срам“ и додека му збореле едниот од нив го снимал со мобилен телефон.
Во моментот кога им одговорил - зашто да му е срам - тој го удрил НН лицето кое му го поставил прашањето по што трите лица заминале во правец кон бул “Гоце Делчев“.
Покрај ова на видеото се гледа како Фрчкоски пцуе по лицата иако нема никакви знаци на вербален или физички напад кон него туку само го прашуваат “Зошто не Ви е срам“.