Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска организираше симболична велосипедска тура во Скопје и во уште 20¬-тина градови низ Македонија, како дел од викенд програмата преку која упатува пораки за зачувување на унитарноста на државата.
Симболичната патека на државноста почна пред фонтаната во Градскиот парк, продолжи пред Владата и заврши пред Собранието.
Богдан Илиевски од граѓанскатата иницијатива „За заедничка Македонија“ изрази благодарност до граѓаните кои, како што рече, минатата недела масовно излегоа на улиците да ја поддржат иницијативата. ¬ Тоа е огромна доверба кон она за што ние се бориме, она што го застапуваме, но и обврска да продолжиме уште посилно во наредниот период, поенергично, поодлучно кон остварување на нашите цели.
„Им се обраќаме на политичките партии да не се обидуваат одредени политички елити кои ја прифатија тиранската платформа повторно да ја вратат на мала врата, односно да го изманипулираат народот за да си ја остварат својата цел“, рече Илиевски.
Граѓанската иницијатива најави дека од утре продолжуваат со редовните активности.