Денеска поднесовме конкретна иницијатива во Собранието на Република Македонија, истакна генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски.
Повеќе да нема од никого изговори и дилеми околу обезбеденото парламентарно мнозинство и тука ги доставивме 67-те пратенички потписи и покрај тоа што Деловникот тоа не го бара и не налага таква обврска за да продолжи конститутивната седница.
Очекуваме Трајко Вељаноски веднаш да свика продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија. Конечно оваа клучната институција како претставнички орган на граѓаните на Република Македонија да почне да функционира затоа што мора да работи и функционира во интерес на државата.
Прв чекор е избор на претседател на Собранието, кој ќе го тргне и последниот неразумен аргумент на Ѓорге Иванов, кој е должен да му го даде мандатот за состав на Влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.