Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека полицијата го знае идентитетот на напаѓачот, кој вчера со автомобил удри во пешаци и уби три лица пред Парламентот во Лондон.

Таа истакна дека напаѓачот е роден во Велика Британија.

– Тој работел сам и нема причина да веруваме дека биле планирани и други напади, нагласи Меј, без да го открие неговото име.

Според британската премиерка, тој бил веќе еднаш сослушуван од полицијата поради поврзаност со екстремисти, но се сметал за „неважна фигура“.