Македонската дијаспора од Франција денеска со мирен протестен марш во Париз даде поддршка за суверена и мултикултурна Македонија.

Во маршот учество земаа сите македонски здруженија на граѓани од Франција.

Македонското знаме беше развиорено кај Ајфеловата кула, симболот на европската метропола Париз.

Надалеку одекна гласот на Македонците за зачувување на целовитоста на Македонската држава.

Собирот започна во 13:30 часот на мостот Алма по што поддржувачите на Македонија заминаа организирано преку авенијата Рап до Марсовите полиња.

Mаршот заврши пред УНЕСКО во Париз.