Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе – Битола распишува Конкурс за најдобри средношколски есеи.

Конкурсот е распишан за пет теми: Економскиот развој на Република Македонија во 21 век; Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите; Информатичкото општество како придобивка и факт; Човекот тоа сум јас и Безбедноста основен услов во животот и работата.

На Конкурсот може да учествуваат со неограничен број на есеи сите средношколци од Република Македонија. Конкурсот ќе трае од 1 април до 1 мај 2017 година.

Есеите треба да се пратат во еден примерок по пошта на адреса: Меѓународен Славјански универзитет, ул. Маршал Тито бр.77, 2220 Свети Николе, со напомена „за Конкурсот за есеи“.

Есеите ќе ги разгледа и оцени жири кое ќе ги награди и прогласи најдобрите на посебна свеченост на 13 мај во просториите на Славјанскиот универзитет во Свети Николе.

Предвидени се специјални награди во комплети книги за учесниците на конкурсот, како и големи попусти за оние кои ќе сакаат да се запишат на Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“, кој постои и работи во Свети Николе и во Битола.