Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, следната недела ќе ја посети Македонија, но засега нема официјална потврда за посетата.

Како што дознава „Мета“, сè уште не е прецизирано кој ден точно ќе допатува Туск. Деталите за датумот и точната агенда ќе бидат познати најдоцна в петок.

Повод за посетата на Македонија, како што соопштуваат дипломатските извори, се почестите предупредувања за можен нов бегалски бран поради затегнатите односи помеѓу ЕУ и Турција и заканите за раскинување на договорот меѓу Анкара и Брисел за мигрантите, но и продлабочувањето на политичката криза во Македонија.

Ова ќе биде трета посета на Туск на Македонија во последните две години, односно откако почна бегалската криза. / Мета