Согласно планот и програмата за одбележување на 15-ти Април, денот на Командата за обука и доктрини, денес во касарната „Алексо Демниевски - Бауман“ во Велес се реализираше акција за доброволно дарување на крв.
Во оваа прилика, припадниците на КОД од касарната во Велес уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и човечност со масовно учество во оваа акција. Покрај вработените во КОД, во акцијата учествуваа и новодојдените војници на доброволно служење на воен рок.
Ова е прва од серијата акции за доброволно дарување крв која Командата за обука и доктрини планира да ги реализира оваа календарска година, година во која АРМ ја одбележува јубилејната 25 годишнина од нејзиното формирање.
Покрај ова, припадниците на Армијата на Република Македонија по повод денот на првата механизирана пешадиска бригада, спроведоа крводарителска акција во касарната во Петровец.