Припадниците на полкот за Специјални операции при Армијата на Република Македонија учествуваа на меѓународната вежба „ Allied Spirit VI“ која се одржа во Хохенфелс, Германија, на која ја презентираа својата обученост и интеробилноста со стандардите на НАТО партнерските армии.

Како што соопштија од АРМ, Македонските „волци“ во извонредно реални вежбовни услови на полигон од околу 200 километри квадратни со изработени населени места и професионални статисти, преку спроведување на директни акции, специјално извидување и синхронизирано воено асистирање извежбуваа тактики, техники и процедури од областа на неконвенционалното војување.