Според неофицијалните податоци, што ги објави иницијативата „Спас за нас“ дури 99,1 отсто од граѓаните кои излегле денеска на референдумот, се изјасниле против отворање рудници за злато на Кожуф, пренесува Телеграф.мк.
„Градот се обедини против злото“, „Така ја сакаме Гевгелија“, „Ќе продолжиме и понатаму ако е потребно“, се дел од коментарите кои ги објавуваат жителите на градот на социјалните мрежи.
На референдумското прашање „Дали сте за отворање на рудници за металични минерални суровини на планината Кожуф“ 13.097 граѓани гласале против, 154 биле за отворање на рудници и 133 ливчиња биле неважечки. Ова го соопшти Митко Дојчинов, член на општинската изборна комисијa.