Јолевски ќе учествува на саемот за напредна воена и одбранбена индустрија АСДА 2017 во Хрватска

Од утре, 26.04 (среда), во Сплит, Хрватска, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со делегација од Министерството и Армијата на Република Македонија ќе учествува на тридневниот саем за воена и одбранбена индустрија АСДА 2017, посветен на напредните одбранбени технологии.

Во рамки на овој значаен безбедносен саем, делегацијата од МО и АРМ ќе се запознае со најновите достигнувања во доменот на наменската индустрија на земјите излагачи, а министерот Јолевски ќе оствари и повеќе билатерални средби со колеги и претставници од повеќе земји, меѓу кои и Хрватска, Соединетите Американски Држави, Турција, Шведска и Босна и Херцеговина.

Саемот АСДА 2017 на едно место ги позиционира светските производители на напредни одбранбени технологии, а посетен е од министри за одбрана и останати високи претставници од Министерствата и Армиите на 74 држави во светот.