УЕФА до среда ќе донесе одлука за финалето на ЛШ
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) најдоцна до среда ќе „пресече“ дали финалниот натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ) ќе се игра на крајот од мај во Истанбул како што е планирано, или пак, завршницата ќе биде преместена во Лондон поради влошената здравствена состојба во Турција поврзана со коронавирусот.