Наполи ќе го продолжи договорот со Мертенс
Калчолигашот Наполи ќе ја активира клаузулата во договорот со Дрис Мертенс, кој е најдобар стрелец во историјата на клубот, со цел белгискиот напаѓач да остане во Неапол до лето 2023 година, односно една година подолго од планираното, јавија денеска италијанските медиуми.