Светската фудбалска федерација (ФИФА) потпиша договор со американската компанија Нетфликс за емитување на светските првенства за жени во 2027 и 2031 година на територијата на САД.
Германскиот фудбалски Суперкуп од следната година ќе го носи името на Франц Бекенбауер, соопшти синоќа германската фудбалска лига.
Репрезентативецот на Колумбија, Хамес Родригез предизвика голем скандал во Рајо Ваљекано откако се скара со тренерот Иниго Перез.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сака да донесе замена за повредениот Родри. Најголема желба на Каталонецот е клубот да се засили со играчот на Милан - Тијани Рајндерс.
Серија „А“ официјално го објави назначувањето на својот нов претседател Ецио Марија Симонели. Тој ќе го наследи досегашниот шеф на фудбалската лига, Лоренцо Казини.
Реал Мадрид е се поуверен дека летово ќе може да потпише договор со десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, пишуваат британските медиуми.
Иако Атлетико не ја победил Барселона на гости од 2006 година, Симеоне се уште се сеќава како ја освоија титулата на „Камп Ноу“ со ремито во последниот натпревар од сезоната 2013-14.
Рубен Дијаз е уште еден важен играч со повреда во Манчестер Сити. Португалецот заработи повреда на дербито со Јунајтед и ќе отсуствува околу еден месец, откри менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.
Тренерот на Барселона, Ханзи Флик го пофали својот противник во утрешниот натпревар - Атлетико Мадрид. Двата тима имаат ист број бодови на врвот во Ла Лига, но „јорганџиите“ имаат натпревар помалку.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, кој денеска ја одбележува својата петта година на чело на клубот, верува дека најдоброто допрва доаѓа за тимот под негово водство.