Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ
Тренерот на загрепски Динамо, Зоран Мамиќ, мора да отслужи затворска казна во траење од четири години и осум месеци, одлучи Врховниот суд во Загреб на три дена пред реванш осминафиналниот натпревар што хрватскиот првак треба да го игра против Тотенхем во Лига Европа.