Црвена ѕвезда му се извини на Ибрахимовиќ
Остра осуда на навредите што навивач му ги упати на фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, изрази денеска српскиот фудбалски првак Црвена ѕвезда, најавувајќи тесна соработка со полицијата за пронаоѓање на, како што соопшти, „примитивецот, кој фрли дамка врз традиционалното српско гостопримство“.