Алаба објави крај на соработката со Баерн Минхен
Австрискиот дефанзивец во редовите на европскиот и светски првак Баерн Минхен, Давид Алаба, потврди денеска дека заминува од клубот на крајот од сезоната, оставајќи ја отворена опцијата околу неговата следна дестинација, која според германските и шпанските медиуми, најверојатно, ќе биде мадридски Реал.