УЕФА отвори истрага за наводен расизам против романските судии на мечот ПСЖ-Башакшехир
Два месеца по инцидентот на натпреварот од последното коло во групната фаза на Лигата на шампиони меѓу Пари Сен-Жермен (ПСЖ) и Башакшехир, кога играчите на двата тима го напуштија теренот поради наводен расизам од страна на романските судии, Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска отвори истрага поврзана со случајот.