Солскјер: Мораме уште подобро доколку сакаме титула
Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изрази задоволство од триумфот над Астон Вила од 2:1, што ги искачи „црвените ѓаволи“ на делба на лидерското место во Премиерлигата со Ливерпул, но истакна оти неговата екипа мора да подобри уште многу елементи во играта доколку сака да остане во трка за шампионската титула