Фудбалерот на Баерн, Давид Алаба е прогласен за најдобар фудбалер во Австрија во 2020 година, објави австриската новинска агенција – АПА
Германскиот фудбалски сојуз му изрече ригорозна казна на Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах кој плукна во лицето на противнички играч во 13. коло од Бундеслигата на средбата со Хофенхајм (1:2) и доби црвен картон
Играчот за врска на Интер, Раџа Наинголан може да го напушти клубот во текот на зимскиот преоден рок. Спортскиот директор на клубот Пјеро Аусилио изјави дека „нероаѕурите“ се подготвени да ги разгледаат предлозите за 32-годишниот Белгиец
Играчот за врска на бундеслигашот Лајпциг, Марсел Забицер, е главна трансфер цел на менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, во јануарскиот преоден рок, јавија вечерва англиските медиуми.
Суспензија од пет натпревари му е изречена на фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам, поради плукање противнички играч, соопшти попладнево Германската фудбалска асоцијација.
Англиската фудбалска федерација (ФА) го одложи за крајот на април финалето на Карабао купот, што првично беше закажано за 28 февруари.
Капитенот на премиерлигашот Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, минал најмногу минути на теренот во 2020 година споредено со сите други фудбалери во светот, соопшти фудбалската опсерваторија (CIES).
Аталанта ќе бара отштета од десет милиони евра за Аргентинецот Папу Гомез (32), кој поради несогласување со тренерот Џанпјеро Гасперини, сака да го напушти италијанскиот фудбалски прволигаш во јануарскиот преоден рок.
Хрватот Лука Модриќ, поради повреда, нема да биде во комбинација да настапи за Реал Мадрид на преостанатите два натпревари на актуелниот шпански првак во 2020 година.
Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, е прогласен за фудбалер на 2020 година во Хрватска.