Барнли со историската, прва победа над Арсенал ја продолжи агонијата на „топчиите“ во Премиер лигата
Дијаметрално спротивни изданија прикажува Арсенал во Премиер лигата, во споредба со настапите во Лига Европа каде реди само победи. Вечерва тимот од Лондон на домашен терен загуби од Барнли со 1:0. Гостите ја забележаа првата победа во клупската историја на мечевите со Арсенал.