Трет натпревар во низа без победа за Борусија Дортмунд
Бундеслигашот Борусија Дортмунд веќе трет натпревар по ред не успева да забележи победа. Не само што денес на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, Борусија не освои, туку треба и да е среќна со бод, бидејќи се спаси од пораз со голот на Американецот Џовани Рејна во второто полувреме за конечни 1:1.