Манчестер сити подготви десетгодишен план за Меси, по крајот на неговата кариера, тие сакаат да го направат амбасадор на клубот
Премиерлигашот Манчестер сити работи на потписот на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси. Според „Тајмс“, англискиот клуб има 10-годишен план за Аргентинецот. Ќе му биде понудено да игра за Манчестер сити, а потоа да игра за еден од деветте клуба кои ја сочинуваат Сити фудбалската група.