Победи за фаворитите на средбите од 16. коло во ПМФЛ, Вардар со нов пораз
Водечките екипи во Првата македонска фудбалска лига забележаа победи на денешните натпревари. Шкендија како домаќин го совлада Шкупи, Силекс исто така пред своите гледачи беше поуспешен од Воска, додека Гостивар се радуваше на гостинска победа против Вардар.