Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, тешко го проголта поразот од 1:2 против РБ Лајпциг синоќа и елиминацијата на неговиот тим во четвртфиналето од Лигата на шампионите
Екипата на РБ Лајпциг е изненадувачки полуфиналист во Лигата на шампионите, откако ги совлада Атлетико Мадрид во второто четвртфинале од Лигата на шампионите, што се играше на стадионот „Хозе Алвалад“ во Лисабон.
Откако испадна од Лигата на шампионите, раководството на Јувентус одлучи дека се потребни промени.
Претседателот на Аталанта, Антонио Перкаси изјави дека очекува европските гиганти да бидат заинтересирани за многу од неговите играчи. Сепак, тој нема намера да се раздели со нив.
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо нема да го напушти клубот од Торино, пишува „АС“. Според публикацијата, 35-годишниот Португалец ќе го заврши договорот со клубот, кој истекува во 2022 година.
Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо ќе ја реши својата иднина по завршувањето на Лигата на шампионите, изјави неговиот агент.
„Ф8“ форматот на Лигата на шампионите нема да се повтори во иднина, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, велејќи дека би било „невозможно“ да се најде место во веќе преполниот календар.
Легендата на Барселона, Чави Ернандез ја отфрли можноста да се врати во тимот како тренер и рече дека сега не е време да го стори тоа.
Програмата за новата сезона во Премиер лигата, која започнува на 12 септември и завршува на 23 мај, ќе биде објавена во петок, 21 август.
Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, призна дека очекува неговиот престој во Лисабон да биде долг и неговиот тим да стигне до финалето во Лигата на шампионите.