Клоп: Утре ќе биде еден од најголемите денови во мојот живот
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за емоциите кои ќе го придружуваат за време на утрешниот натпревар со Челси, по кој „црвените“ ќе ја добијат титулата што ја чекаа цели 30 години. Германецот признава дека ова ќе биде еден од најголемите денови во неговиот живот.