Алиоски ќе игра во Премиер лигата, Лидс се враќа по 16 години во најелитното клупско натпреварување
Тимот на Лидс за кого настапува македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, обезбеди место во англиската Премиер лига за следната сезона. Ова стана познато по вечерашниот пораз на Вест Бромвич Албион од Хадерсфилд со 2:1.