Тешко е играчи како Дибала и Роналдо да бидат на терен во исто време, изјави Сари
Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, призна дека од тактичка гледна точка, тешко е за врвни играчи како Пауло Дибала и Кристијано Роналдо да играат на теренот во исто време. Стручњакот разговараше за „Скај Спорт Италија“ пред петочното полуфинале за Купот на Италија со Милан – првиот натпревар во Апенините по паузата поради кризата со КОВИД-19.