Косовските фудбалски клубови почнуваат со тренинзи, Суперлигата ќе продолжи на 1 јуни
Министерството за здравство (МЗ) и Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК), во соработка со Фудбалската федерација на Косово (ФФК), донесоа одлука од денеска да им се дозволи на клубовите од косовската Суперлига да почнат со тренинзи, со цел од 1 јуни да продолжат официјалните натпревари во рамки на лигата.