Холанд е специјален човек и фудбалер, изјави неговиот поранешен тренер
Ерлинг Холанд е специјален талент и човек, а неговата работна етика го сместува меѓу најдобрите фудбалери во светот, изјави неговиот поранешен тренер во РБ во Салцбург – Џеси Марш. 19-годишниот Норвежанец направи име со австрискиот тим, а по неговиот трансфер во Борусија Дортмунд, тој стана и едно од големите имиња во фудбалскиот свет.