Маркос Ројо: Со Ибрахимовиќ се фативме за врат, Мурињо нè разделуваше
Маркос Ројо моментно настапува како позајмен фудбалер во Естудијантес во Аргентина. Во разговор за „Сиело Спортс“ тој, меѓу другото, зборуваше за периодот минат во Манчестер јунајтед при што откри интересна ситуација од соблекувалната во 2016 година што ја имал со Златан Ибрахимовиќ.