Јувентус го мами Донарума со солидна плата
Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума може да ја продолжи кариерата во Јувентус, објави „Спорт Медијасет“. Според изворите, во текот на летото „старата дама“ ќе му понуди на 20-годишниот голман петгодишен договор и плата од 9 милиони евра, со вклучена опција за зголемување на надоместокот.