Конте во Интер, Мурињо во Рома?
Италијанскиот стратег, Антонио Конте може да го избере Интер пред Рома, додека Жозе Мурињо е варијанта за „волците“ од „Вечниот град“. Од Рома му понудиле тригодишен договор на Мурињо, но Португалецот ќе ја прифати понудата само ако римјаните се квалификуваат за Лигата на шампионите, што воопшто не е сигурно во моментот, пишува авторитетното француско издание „Екип“