Зидан: Продажба на Куртоа или Навас? Може да се случи
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, сосема отворено призна дека во текот на летото тој може да се раздели со еден од неговите двајца водечки голмани. Францускиот ментор, сепак, одби да наведе дали тоа ќе биде Тибо Куртоа или Кејлор Навас.