Гвардиола пред дербито: Го очекувам најдобриот Јунајтед
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на било кој начин не му влијае лошата форма на Јунајтед пред утрешното дерби на „Олд Трафорд“. Според Шпанецот „црвените ѓаволи“, кои само пред неколку дена беа декласирани со 4:0 од Евертон, ќе го дадат најдоброто од себе, бидејќи во дерби дуелите, играчите секогаш даваат максимум поради навивачите