Де Лаурентис: Натпреварите се добиваат со тимска игра, доказ за тоа е неуспехот на Јувентус во ЛШ
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, рече дека еден играч не е гаранција за успех, а доказ за тоа е елиминацијата на Јувентус во Лигата на шампионите. Тој потенцираше дека Кристијано Ронладо не успеа да му помогне на клубот од Торино да го освои европскиот трон.