Љоренте за играта со рака: Судијата донесе вистинско решение
Напаѓачот на Тотенхем, Фернандо Љоренте, кој го постигна голот со кој „петлите“ се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, смета дека судијата Џунеит Чакир правилно го признал погодокот на Шпанецот, иако топката ја допре неговата рака.