Гвардиола: Голот на Љоренте беше со рака!
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека погодокот на Фернандо Љоренте во четвртфиналето од Лигата на Шампионите против Тотенхем бил нередовен. „Граѓаните“ победија на „Етихад“ со 4:3, но испаднаа со вкупен резултат 4:4 поради головите на Тотенхем на гостински терен, а решителен се покажа погодокот на Љоренте во 73-тата минута.