Роналдо постигна 24 гола во четвртфиналето на ЛШ, повеќе од Меси и Раул заедно
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, е убедливо најефикасниот фудбалер во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Неговиот гол против Ајакс синоќа на дуелот во Амстердам беше 24. За Португалецот во оваа фаза од турнирот. Вкупно Роналдо има одиграно 21 натпревар во четвртфиналето на елитното натпреварување.