Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бруин, продолжи со тренинзи откако закрепна од повредата на колкот, објавија англиските медиуми.
Европската фудбалска федерација отвори дисциплинска постапка по натпреварот од второто коло во квалификациите за ЕУРО 2020 меѓу националните тимови на Црна Гора и Англија (1:5).
Шпанскиот шампион Барселона повеќе не е заинтересирана за фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман. Раководството на каталонскиот клуб верува дека пропаднатиот трансфер минатото лето беше единствената шанса за Французинот да се пресели на „Камп Ноу“.
Кристијано Роналдо ќе пропушти една до две недели поради повредата што ја претрпе на квалификацискиот натпревар со Србија синоќа во Лисабон.
Килијан Мбапе стана најмладиот фудбалер во француската репрезентација со одиграни 30 натпревари. Тој синоќа на дуелот со Исланд (4:0) го одигра 30-от натпревар за триколорите на возраст 20 години и три месеци.
Ѕвездата на португалскиот фудбал Кристијано Роналдо по натпреварот со Србија во квалификациите за ЕУРО 2020 одирган синоќа во Лисабон (1:1) рече дека тимот одигра подобро отколку на претходниот меч со Украина (0:0).
Шампионот на Стариот континент, Португалија забележа второ реми во групата „Б“ од квалификацискиот циклус за ЕП 2020.
По освоените три поени Англичаните се лидери на табелата со 6 поени по две победи во двата натпревари досега.
Годин беше стартер и остана на теренот до 70-тата минута, кога Уругвај веќе водеше со 3:0. Прецизни за јужноамериканците беа Матиас Весино, Гастон Переиро, Кристијан Стуани и Максимилијано Гомез.
– Ни соопштија дека клубот сака да ги задржи сите играчи во текот на летото. Ситуацијата ми е многу тешка за прифаќање, изјави 22-годишниот дефанзивец.