Пандев: Среќен сум за јубилејот, но најважна е победата против Летонија
Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев, пред утрешниот јубилеен 100-ти натпревар во дресот на националниот тим против Летонија во квалификациите за ЕП 2020, не го криеше задоволството и посака да го заокружи ова достигнување со победа и гол.