Касемиро решен да остане на „Олд Трафорд“
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро е решен да се бори за своето место во клубот. Тој ќе одбие какви било понуди во наредните денови. Интерес за 32-годишниот играч за врска има од Галатасарај, а преодниот рок во Турција се затвора следната недела.