Роналдо може да биде казнет за непристојниот гест во мечот со Атлетико
Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо може да биде казнет за непристојниот гест, кој го покажа по „хет-трикот“ против Атлетико Мадрид (3:0) за време на реванш-дуелот од осминафиналето од Лигата на Шампионите, пишува „Мундо Депортиво“. Со трите гола кои ги нанижа Португалецот во мрежата на Јан Облак, „бјанконерите“ се пласираа во следната фаза на натпреварувањето по успехот со 3:2 од двата меча.