Пари, моќ и нови ѕвезди го вратија Зидан во Реал
Веста, која сите навивачи на Реал Мадрид тајно се надеваа дека ќе ја слушнат извесно време, веќе е реалност – Зинедин Зидан се враќа на чело на тимот. Сега кога ова веќе се случи, шпанските медиуми го открија начинот на кој што шефот Флорентино Перез успеал да го убеди Зизу да ги преземе „белите“ повторно, само 10 месеци по заминувањето.