По Ди Франческо, и Мончи ја напушта Рома
Спортскиот директор на Рома, Мончи е на пат да го следи тренерот Еузебио Ди Франческо и исто да си замине од клубот. Вчера шефовите на „волците“ одлучија да го отпуштат тренерот по елиминацијата на тимот во осминаафиналето во Лигата на Шампионите од Порто (1:3). Сега Мончи сериозно размислува дали да си замине од „Олимпико“, а интерес кон него има од страна на Арсенал.