Челзи го казни Кепа, голманот јавно се извини
Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага, се извини за своето однесување на крајот од финалето на Лига купот против Манчестер сити (0: 0, 3:4 за пенали). Во 118-тата минута, Шпанецот одби да го отстапи своето место на резервниот голман и предизвика бес кај тренер на тимот Маурицио Сари и осуда од фудбалската јавност.